Терористички напад во Иран, најмалку 13 загинати и 40 ранети

Од:

Најмалку 13 лица загинаа, и десетици други се ранети во денешниот терористички напад во светиот храм Шах-е Чераг во јужниот ирански град Шираз. Нападот го извршиле три лица кои пукале кон верниците внатре во локацијата.

Двајца терористи се уапсени, а третиот се уште е во бегство.

Според првичните информации на локалните медиуми, најмалку 13 лица се убиени, а 40 други се повредени во нападот.

Есмаил Мохебипур, заменик-гувернер на провинцијата Фарс за политички, безбедносни и социјални прашања, рече дека вооружените терористи започнале со пукање во храмот за време на вечерната молитва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он