Тереза Меј е против нов референдум за независност на Шкотска

Од:

Британската премиерка Тереза Меј ја отфрли можноста за организирање на нов референдум за независност на Шкотска, откако анкетите покажуваат дека расте поддршката за отцепување.

„Не верувам дека е неопходно одржување на втор референдум. Веќе имавме еден со јасни резултати кои сите ги прифатија“ изјави британската премиерка.

На референдумот за независност на Шкотска во 2014. година, Шкотите изгласаа да останат во Велика Британија, но после референдумот за излегување на Британија од Европската Унија, расположението во земјата се менува.

Медиумите во Шкотска денес известија дека постои можност за организирање на нов референдум во август 2018. година.

Според последните анкети, 49 отсто од граѓаните на Шкотска се за независност, додека против се 51 отсто. Во истражувањето се додава дека поддршката за независност пораснала за три отсто во однос на претходната анкета спроведена во декември 2016. година.

Кралството Шкотска била независна држава до 1. мај 1707. година, кога со указ за обединување влегла во заедница со Англија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски