Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала

Од:

Ихор Терехов, градоначалник на Харков, град во североисточна Украина, за украинските медиуми потврди дека синоќа биле извршени неколку руски напади со беспилотни летала „Шахед“.

– Во градот се слушнале серија експлозии. Кон градот летаaт „шахеди“. Внимавајте, објави Терехов на својот канал Телеграм, пренесува агенцијата Укринформ.

Информацијата за рускиот напад на Харков ја потврди и шефот на Регионалната државна управа, Олег Синегубов, наведувајќи дека нема повредени и дека надлежните служби работат на отстранување на последиците од нападот.

Како што пренесува Укринформ, руски беспилотни летала нападнале деловни објекти во Харков.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Зеленски: Русија бара Украина да се повлече од Донбас во рок од два месеци

29 лица загинаа откако се урна руски воен транспортен авион во Крим

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април