Тепачка меѓу пратеници во Словачкиот Парламент

Од:

Во Словачкиот Парламент доцна синоќа дочло до тепачка меѓу пратениците на владејачката партија Смер и претставници на опозицијата.

Словачките пратеници, на вонредната седница, која траела до раните утрински часови, што ќе продолжи и вечер, расправале за предлогот на опозицијата за изгласување недоверба на премиерот Роберт Фицо.

Опозицијата, која нема доволно гласови за отповикување на Фицо, предлогот го поднесе заради наводно неповолно купување на акции на Словачката компанија за плин, одобрени од Владата.
Конкретната причина за „пратеничката” тепачка била фигура од хартија на словачкиот премиер, која на говорницата ја поставиле опозициските пратеници откако Фицо и министрите ја напуштиле седницата.

Неколку тупаници биле разменети кога пратеници од Смер се обидувале да ја тргнат фигурата на која имало напишано „Виновен за дарување на Словачка на новопечените богаташи”, а пратениците на опозицијата се противеле.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он