Телото на силувано 10-годишно девојче е пронајдено во дом во Германија, приведени се три момчиња

Од:

Германската полиција осомничи три момчиња (11, 11 и 16 години) за убиство на 10-годишно девојче во градот Вунзидел во Баварија. Телото на девојчето било пронајдено вчера околу 8:45 часот од вработен во Католичкиот центар за згрижување деца и младинци Св. Јозеф. Иако веднаш била повикана брза помош, девојчето не можело да се спаси бидејќи било констатирано дека е мртва веќе неколку часа.

Полицијата првите 24 часа не ја информираше јавноста за пронаоѓањето на телото со цел да се олесни собирањето докази и да се заштитат децата и младите сместени во домот. Инспекторите потврдија дека три осомничени момчиња се приведени.

„Билд“ од полициски извори дознава дека се пронајдени докази за сексуален деликт.

Засега не се знае дали трите момчиња се штитеници од споменатиот Центар. Станува збор за институција која постои 119 години и во која просветните работници и социјалните работници се грижат за околу 90 деца и млади луѓе. Со оглед на тоа што се наближуваат велигденските празници, дел од станарите не биле во Центарот, но полицијата се уште не потврдува точно колку деца имало таму во моментот на убиството.

Портпаролката на полицијата Јулија Куфнер не сакаше да даде дополнителни информации за околностите на злосторството и другите можни осомничени, со оглед на тоа дека истрагата е во тек. Криминалистичката полиција и државното правобранителство наредија обдукција на телото за да се утврдат причините за смртта.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски