Телото на Пригожин официјално е идентификувано во мртовечницата, ова му е трет пат како умира

Од:

Руските медиуми објавија дека телото на водачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, официјално е идентификувано во мртовечницата.

Украинскиот Киев пост пишува дека трупот го препознал еден од командантите на Вагнер по тоа што му недостасувал еден прст од телото.

Пригожин изгуби дел од прст на левата рака додека беше во казнената колонија.

Се вели дека трупот на помошникот на Пригожин, Дмитриј Уткин, исто така бил идентификуван во мртовечницата по тетоважите на неговото тело.

Да потсетиме, шефот на руската платеничка група Вагнер Евгениј Пригожин, според официјалните податоци од Москва, загина во средата вечер кога приватен авион „Embraer Legacy“ се урна на релација Москва-Санкт Петербург во областа Твер во близина на селото Куженкино, но ова не е првпат Пригожин да „почине“.

Тој беше официјално прогласен за мртов во Африка во 2019 година, за да се појави три дена подоцна. Пригожин „умре“ во 2022 година среде руската инвазија на Украина.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски