Тројца вработени во шведската телевизија СВТ се соочуваат со обвинение дека за време на најголемата европска мигрантска криза во 2015 година, илегално донеле во Шведска малолетно момче од Сирија.
Новинарот Фредерик Оневал, заедно со неговиот камерман и преведувач, тој период работеле на документарец за децата мигранти во Грција. Момчето кое било оставено само на себе, изразило желба да појде со нив во Шведска, земја која што во 2015 година прифати рекордни 163.000 барања за азил.
Оневлас пред судот признал дека изнајмил автомобил, иако знаел дека малолетникот има лажни документи.
На Сириецот, инаку, му е одобрен привремен азил во Шведска.