Телевизија откажа шоу програма поради Путин

Од:

Руската телевизија ја откажа шоу програмата за шега, околу најавата за развод на претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави еден од водителите на емисијата.

Путин во четврток објави дека тој и неговата сопруга Људмила по 30 години брак одлучиле да се разведат, бидејќи живеат одвоено.

Веста ги мотивирала авторите на емисијата за млади „Социјална мрежа“ да сними пародија во која 60-годишниот руски претседател поставува профил на сајтот за пронаоѓање партнер.

-Ние снимивме видео со фотографиите на Путин од сајтот „Мамба“, а тие ја откажаат целата емисија-напиша на „Фејсбук“ еден од водителите, Владислав Сорокин.

Тој додаде дека со колешката Јекатерина Воронина планираат да дадат отказ во емисијата, која што секој работен ден се прикажува на државната телевизија.

Генералниот директор на телевизијата Анатолиј Лисенко ги демантираше наводиете дека емисијата е поблечена поради цензура.

-Тоа се лаги, ништо не е забрането-наведе тој.

Според него емисијата која што требаше да се емитува во петок, е повлечена затоа што не ги била подготвена.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он

Нападнат е Киев: Кличко итно се огласи