„Телеграф“: Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија

Од:

Британскиот весник „Телеграф“ открива дека Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги премести во Источна Европа.

Британскиот весник наведува, повикувајќи се на неименуван, добро информиран извор близок до Белата куќа, дека Трамп размислува да повлече околу 35.000 активни американски војници стационирани во Германија, оценувајќи дека таквата одлука дополнително ќе ги влоши односите меѓу САД и Европа.

Американскиот претседател, кој постојано предупредуваше дека Европа мора да посвети поголемо внимание на своите одбранбени способности, е сè понезадоволен од поддршката на Европа за продолжување на војната во Украина, наместо за прекин на конфликтот, велат извори блиски до администрацијата.

Има околу 160.000 активни американски воени лица распоредени надвор од САД, од кои голем број се во Германија.

„Трамп е лут затоа што тие (Европа) се чини дека сакаат војната да продолжи“, изјави извор близок до Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Трамп го доведе Нетанјаху до завршен чин

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Иран го отфрла клучното барање на САД

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Виткоф и Кушнер „поминуваат премногу време“ со Путин и многу му веруваат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран повторно го затвори Ормутскиот тесенц по нападите на Израел на Либан

Трамп тврди дека е постигнат договор меѓу САД и Иран за нуклеарниот материјал: „Ќе го ископаме заедно!“