„Телеграф“: Лондон криел терористички заговор поврзан со Иран

Од:

Екстремисти поврзани со либанското движење Хезболах, кое има иранска поддршка, складирале тони експлозиви во Лондон пред полицијата да им ги открие плановите во 2015 година. Тоа го објави британски „Телеграф“, кој додава дека случајот бил со назнака тајна.

Имено, полицијата по информации од странска Влада, открила вкупно три тони амониум нитрат. Еден човек бил уапсен по рација во северозападен Лондон, но бил ослободен без да биде подигнато обвинеие против него.

Според весникот, тоа била операција на разузнавањето што немала за цел да врши апсења. Терористичкит план бил откриен од МИ-6 и полицијата на Лондон во есента 2015 година, неколку месеци по потпишувањето на нуклеарниот договор со Иран, наведува весникот.

Би можело да ве интересира

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Израел се подготвува да го нападне Иран