Тексас: Одложена смртна казна поради болест

Од:

Сојузниот апелационен суд во САД сопре извршување на смртна казна над затвореник во Тексас, чија што одбрана тврди дека е психички болен.

Како што пренесуваат медиумите судот ја донел оваа одлука само осум часа пред осудениот убиец Скот Панети (56), да биде погубен со смртоносна инјекција.

Панети кој што потекнува од Висконсин, е осуден поради тоа што пред 22 години ги убил родителите на сопругата која го изневерила.

Неговите адвокати тврдат декатој е ментално болен и побараа да биде одложено извршувањето на смртната казна.

Инаку според одлука на Врховниот суд на САД, над ментално болни лица не може да биде извршена смртна казна, бидејќи не се во состојба да разберат за што се казнети.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација