Тејлор: САД се помалку безбедни откако Трамп е претседател

Од:

Поранешниот висок функционер на американската администрација, Мајлс Тејлор, изјави дека САД се „помалку безбедни“ под раководство на претседателот Доналд Трамп и најави дека на претседателските избори во ноември ќе го поддржи кандидатот на Демократската партија Џо Бајден.

Тејлор беше прв човек на Федералната служба за национална безбедност од 2017 до 2019 година.

Британските медиуми пренесуваат дека тој тврди дека од прва рака можел да ги види „ужасните резултати“ на, како што ги нарече „лични недостатоци“ на претседателот Доналд Трамп.

„Можев лично да посведочам дека активностите на претседателот Трамп директно резултираа со тоа нашата земја денеска да е помалку безбедна“, напиша Тејлор за „Вашингтон пост“.

„Денес нашата земја има помалку пријатели и помоќни непријатели отколку пред Трамп да дојде во Белата куќа“, заклучи Тејлор.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски