Иран демантира дека негови државјани се борат на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Демантот уследи еден ден откако странските поддржувачи на бунтовниците побараа од Иран да ги повлече своите борци од Сирија.
– Вистинските непријатели на Сирија шират такви обвинувања за да го провоцираат сирискиот народ, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Аракчи.
На вчерашната средба во Јордан групата „Пријатели на Сирија“, составена од западни и арапски влади, апелираше до борците од Иран и од либанската шиитска група Хезболах да се повлечат од Сирија.
Аркачи потенцира дека „во Сирија никогаш немало борци на Иран и на Хезболах“.