Иранската опозициска група во егзил денеска соопшти дека има информација дека Владата во Техеран го преместува наводниот Центарот за нуклеарни истражувања за истиот да не биде откриен пред преговорите со светските сили.
Националниот совет на иранскиот отпор (НЦРИ) со седиште во Париз, повикувајќи се на неименувани ирански извори, наведува дека Центарот ќе биде дислоциран на безбедносен локалитет во комплекс на Министерството за одбрана, оддалечен на околу 1,5 километри од поранешната локација.
НЦРИ тврди дека во Центарот се вработени околу сто истражувачи, инженери и експерти кои вршат мали експерименти на радиоактивен материјал, а работаат и на истражувања поврзани за нуклеарното оружје.