Тече времето за одговор на екстремистите, Абе се враќа во Токио

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе ја прекина блискоисточната турнеја и се враќа денеска во Токио со цел за што побрза реакција на ултиматумот на исламските екстремисти кои се закануваат со убиство на двајца киднапирани Јапонци ако не им бидат исплатени 200 милиони долари.

– Најостро барам тие да не бидат повредени и веднаш ослободени, изјави Абе вчера на прес конференција за новинари во Ерусалим.

Абе изрази „големо разочарување“ за тој чин на џихадистите и нагласи дека меѓународната заедница нема да попушти пред тероризмот.

Времето полека истекува за јапонската влада да донесе одлука како ќе одговори на ултиматумот на екстремистите, кои вчера објавија рок од 72 часа за исплата на 200 милиони долари, за ослободување на двајцата Јапонци.

Џихадисти од групата ИД вчера објавија видео со барање за исплата на кауција во рок од три дена или во спротивно двајцата Јапонци ќе бидат убиени. Киднапирани се идентификувани како Кнеџи Гото Џогоа и Харун Јукава.

Екстремисти од ИД од август минатата година досега имаат убиено пет киднапирани лица од Запад. Ова е прв случај со јапонски државјани. 

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови