Таткото и синот со месеци го планираа масакрот во Сиднеј

Од:

Таткото и синот обвинети за најсмртоносниот терористички напад во австралиската историја „потрошиле“ месеци подготвувајќи се – вежбајќи пукање на оддалечена локација и фрлајќи неексплодирани бомби во толпа непосредно пред да пукаат на плажата Бонди. Овие шокантни детали доаѓаат од судски документи што беа објавени, пишува CNN.

Судскиот досие, исто така, вклучува снимки од Саџид Акрам (50) и неговиот син Навид Акрам (24), како држат пушки и се движат на начин што укажува на тактичка обука.

„Обвинетиот и неговиот татко пукале со пушки и се движеле тактички“, се наведува во документот.

15 лица беа убиени во нападот што се случи на 14 декември, а властите рекоа дека целта бил напад врз еврејски семејства кои ја славеле Ханука. Саџид Акрам беше убиен од полицијата, додека неговиот син се соочува со обвиненија за тероризам, 15 обвиненија за убиство и 40 обвиненија за обид за убиство.

Двајцата наводно фрлиле четири импровизирани експлозивни направи кон толпата – три цевни бомби и една направена од тениско топче – но ниту една не детонирала, иако сите биле функционални. Петтата бомба беше пронајдена во багажникот на нивниот автомобил.

Напаѓачите, исто така, снимија видеа пред знамето на Исламската држава, изнесувајќи ги своите ставови. Во едно од нив, тие дадоа изјави „со кои ги осудуваат дејствијата на ционистите“ и се чини дека „го сумираа своето оправдување за терористичкиот напад во Бонди“.

Постојат докази дека обвинетиот и неговиот татко прецизно го планирале овој терористички напад, се вели во еден од документите на истражителите.

Документите откриваат дека напаѓачите ја посетиле плажата Бонди на 12 декември, само два дена пред нападот. Снимките од безбедносните камери ги покажуваат како одат по пешачки мост од кој подоцна наводно ги застрелале своите жртви.

„Полицијата тврди дека ова е доказ за извидување и планирање терористички чин“, се наведува во судското досие.

Во часовите по пукањето, полицијата изврши претрес на нивната адреса во Бонириг, западно од Сиднеј. Пронајдоа два телефона, рачно изработено огнено оружје, лак со 12 стрели и Куран со обележани пасуси.

Сопругата на Акрам им кажа на полицајците дека верува дека нејзиниот сопруг и син се на одмор. Ден по нападот, полицијата изврши претрес и во изнајмена соба во Кемпси, каде што пронајдоа 3Д печатени делови за шаржер за пушка, опрема за изработка на бомби, уште еден лак, стрели и две копии од Куранот.

Навид Акрам, кој беше застрелан во стомакот за време на нападот, одби да даде формална изјава на полицијата од болничкиот кревет, по совет на неговиот адвокат. Неговото следно појавување пред суд е закажано за април.

Би можело да ве интересира

Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

(ВИДЕО) Специјалци на улиците во Сиднеј, уапсени се седум мажи кои биле на пат кон познатата плажа Бонди

Преживеаниот напаѓач од плажата во Сиднеј е обвинет за 15 убиства

ВИДЕО: Четири херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Катерина Ѓуровски

Десетгодишно дете, двајца рабини и преживеан од Холокаустот – кои се жртвите на масакрот во Австралија?

А1он

(ВИДЕО) Ново видео од Сиднеј: „Човек од Блискиот Исток се нафрла на напаѓачот“

Катерина Ѓуровски