Во Папуа Нова Гвинеја е уапсен човек-вампир откако наводно ја убил својата мала ќерка гризнувајќи ја за врат и јадејќи го нејзиното месо, јавија локалните медиуми.
Според полицијата тригодишното девојче заедно со нејзината мајка биле во посета на таткото, кога тој го грабнал детето и го однел во блиските грмушки.
Според очевидците, таткото го гризнал девојчето за врат и го јадел нејзиното месо и ја пиел нејзината крв.
Папуа Нова Гвнеја е земја каде повремено има случаи на канибализам, како и ритуали на црна магија.