Татко од Мериленд e брутално претепан до смрт пред својот дом додека го штитеше своето дете од група тинејџери и возрасни кои сакаа да ја продолжат тепачката што започнала на училиште, соопшти семејството на жртвата.
Кристофер Мајкл Рајт (43) беше пред својот дом кога е нападнат од тројца тинејџери и двајца возрасни кои го барале 14-годишниот син на неговата вереница.
„Кога Рајт и кажа на групата дека момчето нема да излезе надвор да се расправа, тие му рекоа дека „ако момчето не сака да се бори, тогаш тие тоа ќе го направат“, изјави неговата свршеница Трејси Каропчински за медиумите.
Групата го нападна Рајт, по што беше пренесен во болница каде почина од повреда на мозокот, пишува Њујорк пост.
Бруталното претепување до смрт е снимено на безбедносната камера. Во моментот на убиството во куќата имаше три деца.
„Татко ми и јас се обидовме да го прегледаме видеото, а првото видео што го видов беше мојот 12-годишен син како му вика на својот татко и трчаше надвор да му помогне. После тоа не можев да гледам ништо”, рекла Трејси.
Претставниците на училиштето ја потврдија тепачката во училиштето и рекоа дека соработуваат со полицијата во истрагата. Засега против напаѓачите не е покренато обвинение.