Татко ги подарувал своите деца на случајните минувачи

Од:

Очаен татко во Кина се обидел на случајните минувачи да им ги подари своите три сина, затоа што не може да ги издржува.

Полицијата го уапсила и ги спасила тројките. Очајниот Ксу Лин, кој веќе има два сина на возраст од пет и шест години, ставил тезга покрај пат во градот Денгфенг, провинција Хенан, каде на поминувачите ги нудел трите деца кои веднаш можеле да ги носат дома.

Децата на возраст од 11 месеци како предмети биле замотани во ќебе и лежеле на земја.

– Ги сакам своите синови, но или тие ќе одат или цело семејство ќе пропадне, рече таткото.

Поминувачите повикале полиција, очајниот татко е уапсен, а малите деца ги преземале надлежните служби.

Би можело да ве интересира

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ