Тарик Азиз: Садам Хусеин беше „ментално болен“

Од:

Поранешниот ирачки министер за надворешни работи Тарик Азиз, од времето на режимот на Садам Хусеин, изјави дека тогашниот рачки лидер бил „ментално болен“ кога дал наредба за напад на Кувајт во 1990 година, со што започна војната позната и како „Пустинска бура“.

Азиз им се предаде на американските војници на 24 април 2003 година и оттогаш се наоѓа во затвор.

Во првото јавно обраќање од 2003 година, Азиз во интервјуза телевизијата „Ал Арабија“ откри шокантни и досега непознати податоци за тоа дека во време на Иранско-ирачката војна Германија и Шпанија му испорачале на Садам Хусеин хемиско и биолошко оружје.

Азиз прво е осуден на 15 години затвор, а потоа на судењето во 2010 година и на смртна казна. Бидејќи е во лоша здравствена состојба, ваквата пресуда предизвика бројни осуди ширум светот, поради што ирачкиот претседател Џалал Талабани најави дека нема да потпише наредба за негово егзекутирање.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак