Портпаролот на авганистанската провинција Кандахар, Јаџи Заид на Твитер објави дека девет мажи осудени за различни кривични дела се јавно камшикувани.
Тој наведе дека камшикувањето било извршено на стадионот во Кандахар, главниот град на истоимената провинција.
Секој маж бил камшикуван од 35 до 39 пати пред талибанските и верските претставници и локалното населени.
Нема податоци какви кривични дела сториле мажите.
Извор: МИА