Талибанците тргнаа во лов на новинари, убиваат по список

Од:

Во Кабул е убиен член на семејството на новинар на Дојче веле, додека друг член на неговото семејство е тешко повреден.

Тоа се случило како дел од акцијата „чистење“ на Кабул и останатите завземени градови и провинции во кои талибанците одат од врата на врата во потрага по своите досегашни политички противници.

Новинарот чиј член на семејството е убиен, а друг ранет, моментално е во Германија, но тоа не ги спречи талибанците. Другите членови на семејството успеале да побегнат во последен момент и не се знае каде се.

Генералниот директор на Дојче веле, Петер Лимбург најсилно го осуди ова убиство и ги повика германските власти да преземат нешто.

„Убивање на блиски членови на семејството на еден од нашите уредници е незамислива трагедија и сведочи за акутната опасност во која се нашите вработени и нивните најблиски во Авганистан. Очигледно е дека талибанците организираат прогон на новинарите, како во Кабул, така и во останатите провинции. Времето за делување е се пократко“, вели Лимбург.

Дојче веле јавува дека талибанците досега упаднале во домовите на најмалку тројца новинари од нивниот медиум, а се верува дека Нематулах Хемат од приватната телевизиска станица Гаргаш ТВ е киднапиран, додека Тофан Омар кој е прв човек на приватната радио станица Пактиа Гаг Радио е убиен.

Талибанците најверојатно се одговорни и за убиството на преведувачот Амдадулах Хамдарда, чест соработник на германскиот Ди Цајт, кој е пронајден мртов на улица на втори август во Џалалабад на истокот на Авганистан. Месец дена пред тоа е убиен, најверојатно од страна на талибанците и познатиот индиски фотограф и добитник на Пулицерова награда Даниш Сидики чие тело е пронајдено во Кандахар.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан