Десетина жени денеска кратко протестираа во Кабул, поради одлуката на талибанските власти, задолжително да се носи бурка во јавност.
Собраните жени, повеќето без да го покријат лицето, извикуваа слогани против носење бурка. Тие успеаја да поминат 200 метри, пред да бидат застанати од талибанските борци.
Талибанците мирно ја прекинаа протесната прошетка, а на новинарите им беше кажано да си заминат.
Во саботата, властите во Кабул наредија сите жени во Авганистан да носат превез.
Слична уредба беше на сила и за време на претходното владеење на талибанците, од 1996 до 2001 година.
Претходно, тие донесоа одлука, со што на девојчињата им се дозволува да одат во училиште, само до шестто одделение.
Извор: МИА