Талибанците ја слават првата годишнина од враќањето на власт во Авганистан

Од:

Денеска е државен празник во Авганистан – Талибанците ја слават првата годишнина од враќањето на власт по повлекувањето на американските сили. Помина една година во земјата, обележана со нагло опаѓање на правата на жените и длабока хуманитарна криза, јави телевизијата Франс24.

На 15 август 2021 година, исламските фундаменталисти без борба го зазедоа главниот град Кабул по молскавична офанзива низ Авганистан против владините трупи збунети од повлекувањето на силите на САД и НАТО по дваесет години воена интервенција во земјата.

„Ја исполнивме нашата должност наметната од џихадот и ја ослободивме нашата земја“, резимира Нијаматула Хекмат, еден од талибанските борци кои влегоа во Кабул тој ден – само неколку часа откако соборениот претседател Ашраф Гани избега од земјата.

Освен прогласувањето на денешниот ден за државен празник, досега не е најавена официјална церемонија во врска со годишнината. Државната телевизија, сепак, посочи дека ќе емитува специјални програми без да даде детали.

Талибанските борци ја слават годишнината од преземањето на земјата, но хуманитарните агенции се загрижени бидејќи половина од 38-те милиони луѓе живеат во екстремна сиромаштија.

Новите власти во државата во голема мера се вратија на исклучително строгото толкување на исламот што го карактеризираше нивното прво владеење од 1996 до 2001 година, сериозно ограничувајќи ги правата на жените.

Голем број јавни позиции денес не им се достапни на жените, им е забрането сами да патуваат надвор од градот каде што живеат. Во март, исламистите повторно ги затворија вратите на средните училишта и факултетите за девојки – само неколку часа откако долго време беше најавено дека ќе им ги отворат. И на почетокот на мај, врховниот лидер на талибанците им нареди на жените да носат облека за целото тело.

„Откако дојдоа, животот ја изгуби смислата“, вели Огаи Амаил, жител на Кабул. Ни зедоа се, дури и влегоа во нашиот личен простор“, јави телевизијата.

Авганистанците признаваат дека со крајот на војната и враќањето на талибанците насилството во земјата е намалено. Сепак, многу од нив многу страдаат од акутната економска и хуманитарна криза.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Талибанците во Авганистан ги затвораат салоните за убавина

А1он

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети