Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник

Од:

Владата на талибанците го прогласи 31 август, денот кога последниот американски војник го напушти Авганистан во 2021 година, за национален празник.

Во соопштението, кабинетот на талибанскиот премиер соопшти дека кабинетот одлучил тој ден да се смета за празник во официјалниот календар. Генерал-мајор на американската армија Крис Донахју беше последниот американски војник што го напушти аеродромот во Кабул на полноќ на 30 август 2021 година.

Врз основа на мировниот договор од Доха, САД и нивните сојузници го напуштија Авганистан по 20 години воено присуство. Сепак, две недели пред целосното повлекување на странските сили, авганистанската влада, која имаше меѓународна поддршка, падна и талибанците триумфално влегоа во градовите и повторно ја презедоа власта.

Оттогаш, талибанците повторно ги наметнаа своите сурови закони и им забранија на авганистанските девојчиња и жени пристап до училишта по шесто одделение. Како резултат на тоа, ниту една земја во светот сè уште не ја признала нивната де факто влада.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан