Тајванските власти ја повикаа Кина да се „откаже од примената на сила“

Од:

Тајванските власти денеска го повикаа Пекинг да се откаже од примената на сила против островот што Кина го смета за дел од својата територија, реагирајќи на предупредувањето на кинеското Министерство за одбрана дека оваа земја е подготвена да тргне во војна „доколку има луѓе кои би се одважиле да се обидат да го одвојат Тајван од земјата“.

Британските медиуми пренесоа дека тајванските власти соопштиле дека „провокативното однесување“ на Кина влијаело на мирот меѓу двете земји од Тајванскиот теснец и го загрозило регионалниот поредок.

Кинеското Министерство за одбрана неколку часа претходно соопшти дека Кина е подготвена да тргне во војна„ доколку има луѓе кои ќе се одважат да се обидат да го одвојат Тајван од земјата“, обвинувајќи ги САД за поткопување на глобалната стабилност и осудувајќи ја продажбата на американско оружје за островот што Пекинг го смета за дел од својата територија.

Во текот на денешниот брифинг во Министерството за одбрана, на кој беше промовирана „Белата книга“ за национална одбрана, портпаролот на министерството Ву Џијан изјави дека Кина ќе ги вложи сите можни напори за на мирен начин да се постигне повторното обединување на островот со матицата земја.

-Меѓутоа, мораме силно да нагласиме дека настојувањата за независност на Тајван претставуваат ќорсокак. Доколку има луѓе кои ќе се одважат да се обидат да го одвојат Тајван од земјата, кинеската војска ќе биде подготвена да тргне во војна за силно да го заштити националниот суверенитет, единството и територијалниот интегритет, нагласи Ву.

Агенциите нагласуваат дека ова беше прво претставување на „Белата книга“ на националната одбрана на Кина во последните неколку години и во неа се наведува дека издвојувањата на државата за одбраната ќе имаат умерен и постојан раст, но дека тие се релативно мали во споредба со другите големи земји.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио