Тајвански милијардер ќе наградува научни достигнувања во области што се заобиколувани од Нобелови награди

Од:

Тајванскиот милијардер Самјуел Ин вчера востанови научна награда, што обезбедува сериозна парична премија за истражувачи во, според него, области што се заобиколувани од Нобеловите награди, пренесе ДПА.

Наградата „Тан“ располага со фонд од три милијарди тајвански долари (102 милиони долари) и со неа ќе бидат наградени луѓето со придонес во областите како настојчив развој, биофармација и владеење на законот.

Победниците ќе добиваат по 1,7 милиони долари, а за споредба кај Нобеловите награди оваа сума изнесува 1,2 милиони долари.

-Се надевам дека оваа награда ќе придонесе за повеќе истражувања, кои ќе се корисни за светот и човештвото, ќе ја поддржат кинеската култура и светот ќе го направат едно подобро место, рече ИН во изјавата по повод востановувањето на наградата.

Тајванските медиуми наградата веќе ја нарекоа „Азиските Нобелови награди“.

Највисоката научна институција на островската држава „Академија синика“ ќе се занимава со номинациите, а конечниот избор ќе се прави од борд, чии членови ќе се избираат лично од Ин. Магнатот има намера наградата да ја доделува на секои две години и првите лауреати да ги објави во јуни 2014 година.

Ин е претседател на тајванскиот конгломерат „Руентекс груп“ (Ruentex Group), што има сериозни интереси во трговијата на мало, текстилната индустрија, недвижните имоти и осигурителниот сектор во Тајван и Кина. Тој е познат со своите големи донации за образованието и добротворните случаи во Кина, што помогна за зацврстување на неговото влијание во оваа земја, забележуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска