Тајванците повторно ја избраа Цаи Инг-вен за претседателка

Од:

Актуелната тајванска претседателка Цаи Инг-вен денеска е реизбрана на функцијата, освојувајќи го својот втор мандат, што се оценува како поддршка на гласачите за нејзиниот остар став кон Кина.

Цаи ги победи двајцата предизвикувачи – националистичкиот кандидат Хан Кво-хуа и Џејмс Сунг од Народната прва партија.

Резултатите од Централната изборна комисија покажаа дека Цаи со 43 отсто поддршка, или пет отсто гласови повеќе води пред најблискиот противкандидат Хан Кво-хуа од Националистичката партија, јавија американските медиуми.

Кина и Тајван се поделија во текот на граѓанската војна од 1949 година , но Пекинг и натаму тврди дека има суверенитет врз островот и повремено се заканува дека ќе употреби сила за да ја преземе контролата врз земјата доколку тоа биде потребно.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

(ВИДЕО) Голема тепачка на седницата на тајванскиот Парламент

Горан Наумовски

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски