Две улици затворија денеска властите во вториот по големина тајвански град Каосијунг и евакуираа луѓе поради ново истекување гас на место каде минатата недела се случија неколку експлозии од гас.
На 31 јули во експлозиите во Каосијунг, на југ во Тајван, загинаа 30 луѓе и над 300 беа повредени.
– Побаравме привремена евакуација и затворивме две улици поради опасност која се заканува бидејќи регистрирано е повторно истекување гас, изјави Чен Чин-дер, шеф на Бирото за еколошка заштита во градот.
Не е јасно колку жители се евакуирани. Во Каосијунг се наоѓа голем петрохемиски комплекс со десетици фабрики и поради тоа под градот има голем број цевки.