Тајван ќе гради подморници за „автономна национална одбрана“

Од:

Претседателката на Тајван Цаи Инг-вен денеска објави дека островот почнал сопствена програма за изградба на подморници, за да си обезбеди автономна одбрана, јави ДПА.

Таа при посетата на военопоморската база Цојин во јужниот дел на островот изјави дека изградбата на сопствени подморници со цел постигнување на национална одбранбена автномија, ќе биде предизвик за Тајван.

Цаи призна дека планот ќе предизвика и „одредени негодувања“.

Таа ова го изјави по церемонијата за потпишување меморандум за разбирање со Националниот институт за наука и технологии „Чен Шан“ и тајванската бродоградителска корпорација ЦСБС.

Оваа тристрана соработка ќе помогне да се зајакне способноста на Тајван да проектира и гради сопствени подморници со тежина меѓу 1.500 и 2.000 тони. Првичниот проект треба да биде изготвен до 2020 година и ќе чини 2,6 милијарди тајвански долари (85,5 милиони долари), соопшти тајванската Воена морнарица.

Се очекува овие планови ќе предизвикаат незадоволство во Пекинг, кој Тајван го смета за своја отцепена провинција пред повеќе од 65 години.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате