Тајванските власти денеска соопштија дека ќе го сменат изгледот на пасошите во земјата за да се избегнат сличности со кинеските пасоши.
На предната страна на новиот тајвански пасош, зборот Тајван ќе биде со големи букви, а официјалното име на земјата – Република Кина со намалени букви.
Владиниот портпарол Тинг Ји-минг на прес-конференција рече дека дизајнот е заснован на одлука на законодавството на Тајван во јули и дека целта е „да се избегне тајванските државјани да се сметаат како кинески кога патуваат во странство“.
Министерството за надворешни работи на Тајван ќе започне со издавање на новите пасоши во јануари.