Тајниот подем на Подемос

Од:

Политика – Белград

Наша цел е она што веќе постои како огромно општествено мнозинство да го претвориме во политичко мнозинство, вели еден од лидерите на новата партија, универзитетскиот професор Мигел Алварес Пералта.

Откако почна да се формира движење на незадоволните, илјадници нивни кружоци ја насликаа политичката мапа во Шпанија. Тие кругови станаа основна организациска целина на новата партија Подемос, чија цел е она што веќе постои како огромно општествено мнозинство да се претвори во политичко мнозинство, веќе кон крајот на оваа година на изборите.

Поедноставено, тоа се темели на структурата на новата партија од чиј нагол подем се разниша класичната двопартиска сцена во Шпанија.

Во што е тајната на партијата која за една година успеа да ги собере гласовите на политичките организации со повеќедецениско, па и вековно постоење? За тоа, специјално за Политика зборува 35-годишниот професор на државниот мадридски факултет „Кастиљо де Манча“, инаку еден од триесте избрани членови на Советот на граѓаните на Подемос, Мигел Алварес Пералта.

Мадридското седиште на Подемос е во еден мал локал чии стакла се излепени со плакати и објави, во уличка со трошни фасади од чии балкончиња се виорат разни знамиња, па и републиканските. Кој би рекол дека тука во крајот Лавапиес, е прославен триумфот на Подемос на европските избори минатиот мај, каде партијата освои пет места во Европскиот парламент.

– Луѓето се многу незадоволни од овој систем, корупцијата, диктатот на финансиските институции, високата стапка на невработеност, растот на нееднаквоста, блокада на информациите, кастински недемократски методи од традиционалните партии, вели Мигел Алварес Пералта.

Кружокот во Лавапиес, крајот во кој се наоѓаме, се состанува во недела попладне во блискиот парк.

Мигел Алварес посебно потенцира дека припадноста на кој било кружок, па и на овој каде што се роди Подемос, не му дава никакво посебно право на поединецот да одлучува во име на граѓаните.

– Во другите партии активист или член на партијата донесува одлуки за кои граѓаните не знаат ништо. Кај нас е обратно, ја урнавме рампата меѓу обичните луѓе и членството, член на партијата поради тоа не е во никаква посебна предност во однос на кој било друг жител, велиПералта.

Долго движењето на незадоволниците се спротивставуваше со забелешки дека нема лидери во структурата и затоа нема да може да напредува на јасно поделената политичка табла. Но, движењето напредуваше наспроти тоа или токму поради тоа – што мнозинството во општеството е крајно незадоволно и разочарано од политичките касти.

– Секој кој сака и да се запише тоа може да го направи и уписот е бесплатен. Секој кој сака да гласа, може и неговиот глас ќе се смета – ни објаснува овој професор по комуникологија. – Тоа е голема новина во политиката, никој тоа така досега не го правел, додава тој.

Сето тоа звучи одлично, но кога ќе дојдат на власт луѓето од Подемос исто така ќе се претворат во каста, велат скептиците, посебно бидејќи сите медиуми, било да се блиски до опозицијата, било до владејачките структури, прават се да ги убедат Шпанците дека секоја власт е иста и дека вистинска промена е невозможна.

Но, Мигел Алварес објаснува за нашиот весник дека во самата партија веќе се изградени механизми кои го спречуваат нејзиното раководство да станеме каста. Посебна одлука одредува дека платата на функционерите кога ќе дојдат на власт не може да биде поголема од три минамални плати во Шпанија. А тоа е многу помалку од тоа колку што заработуваат инжинерите, професорите или лекарите на пример.

– Тоа за традиционалните политичари не се никакви пари. Подемос не е место каде би се збогатиле тие кои се бават со политика, вели Пералта.

На првиот домашен тест во Андалузија, Подемос освои 15 отсто гласови и стана трета сила во најбројната автономна покраина на Шпанија.

Но, Андалузија никогаш не била мерка за расположението во земјата. Таму веќе 30 години победуваат социјалистите, па така беше и овој пат, со тоа што изгубија голем број гласови.

Според сегашното истражување на јавното мислење, Подемос е втора сила во земјата, иако во тектонските политички промени тешко е да се каже какви се реалните шанси за оваа партија до крајот на годината да ја освои власта. Не е јасно ни дали победата на Сириза во Грција и помага или и одмага на Подемос.

Многу медиумска и партиска енергија е потрошено овие месеци, луѓето во Шпанија да се заплашат од доаѓањето на новата партија.

Се вели дека Подемос е црвен ѓавол кој доаѓа од Венецуела, бидејќи некои професори помагаа со своите проекти да се изградат институции во боливарскиот социјализам во Еквадор, Боливија, Венецуела…

Таквите заплашувања се нереални бидејќи од стручната работа на сосема друг континент не можат да се вадат заклучоци за тоа каква може да биде Шпанија кога во неа ќе завладеат луѓе од Подемос.

Подемос има многу поголеми амбиции.

– Сакаме на Европската унија да и предложиме нов модел, модел во кој пазарот не е во центарот, туку во неговото средиште се луѓето. Пазарот мора да биде на услуга на човекот, вели Мигел Алварес.

А на моето прашање дали тоа веќе станува капитализам, одговори сосема јасно: „Ако благосостојбата на човекот е во колизија со капитализмот, треба да се откажеме од капитализмот, а не од човекот“.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата