Додека чека за месец дена да стане за прв пат татко, принцот Вилијам во меѓувреме открива дека има индиско потекло, пишува „Тајмс“.
Имено истражувачи од Универзитетот во Единбург тврдат дека ДНК на внукот на кралицата Елизабета Втора е поврзан со ДНК на жена која што била полу Индијка.
Претходно е утврдено дека Елиза Кеварак прабаба на мајката на Вилијам, Дајана Спенсер, била Ерменка, но најновите анализи покажуваат дека имала индијска крв.
Генетичарот Џим Висон од шкотскиот универзитет изјави дека индијските корени на принцот Вилијам се апсолутно неспорни.
Тоа значи дека сопругот на Кејт Мидлтон еден ден ќе стане прв британски крал со индијско потекло, што може да ја зголеми популарноста на британскиот монарх во државата.
-Кога ќе дознаете нешто ново за своето потекло, тоа автоматски ја менува вашата слика за самиот себе. Доколку се покаже дека имате корени од друга нација, тогаш се чувствувате како граѓанин на светот-истакна основачот на компанијата „Бритајнс ДНК“, Алистер Мофат.
Eлена Георгиевска