„Тајмс“: Потресните слики за трагедијата на малите Курди не ја обединија Европа

Од:

Трагедијата на тригодишниот Ајлан Курди, неговиот пет години стар брат и нивната мајка, кои се удавија во морето, настојувајќи да се префрлат од Турција, каде претходно побегнале од курдскиот град Кобане во Сирија, за во Грција, а од таму до Западот, како да не ја потресоа премнигу ЕУ, која останува длабоко поделена, околу бегалската криза-пишува лондонски „Тајмс“.

Весникот посебно остро го критикува однесувањето на политичките лидери од земјите на ЕУ од Источна Европа, сите поранешни комунистички држави, кои одбиваат да го прифатат предлогот на Германија, за фер распределба на бегалците, со определувањето квота за секоја земја.

Против квота и против германското барање, се определи и британскиот премиер Дејвид Камерон, кој смета дека проблемот не може да се разреши со постојано примање нови бегалци, туку со елиминирање на изворот што ја предизвика кризата, поради која тргна бранот луѓе кон европскиот континент.

Весникот, сепак, ја истакнува реакцијата на, како што вели, конзервативниот унгарски премиер Виктор Орабан, кој се подготвува, на специјалниот состанок за кризата, да соопшти дека тој не е подготвен за прифакање на муслимански бегалци и покрај заканата од Брисел за одземање на правото на глас на земјите-членки кои ќе бидат обвинети за дискриминација.

Според „Тајмс„ слично е однесувањето и на Словачка, а блиску до позициите на овие две земји се и на другите членки од Истокот на Европа, затоа што тие се најсилните противници за распраделување на бегалците, според определена квота.

Меѓу лондонските медиуми, засега, само „Индепендент„ ја подржува ваквата идеја, единствен потсетувајќи дека ЕУ „не може да избега (од своето влијание) врз воените конфликти на Блискиот Исток„ од каде се покрена голема маса невини луѓе кои бегаат пред насилството и бараат спас во Европа.

Овој либерален весник мисли на однесувањето на големите во ЕУ, а пред се, на Британија и Франција кои застанаа зад воинствената, исламска сириска опозиција, во обидот да се урне од власт претседателот Башар ал Асад, потикнувајќи го военото решение, од што се изродија џихадистите на Исламска држава.

Нивното сурово толкување на сунисткиот ислам и бруталното прогонување и ликвидирање на шиитите, курдите и христијаните, предизвика околу четири милиони луѓе да избегаат од Сирија, каде војувањата на исламистичката опозиција со сириските сили, лојални на власта во Дамаск и со припадниците на шиитскот Хезболах, чии борци единствено му помагаат на Асад, траат повеќе од четири години и при тоа сите страни бегаат од мирно решение.

Најголемиот број од бегалците се најдоа во Турција, како и во другите соседни земји, Либан и Јордан.Судирањата на турската армија со екстремистичките курдски сили, што експлодираа минатиот месец, ги исплашија оние Сиријци, кои престојуваат како бегалци во Турција, па тие одлучија дека за нив е најдобро да избегаат и од таму и спас да бараат во ЕУ.

Лондонските весници кои досега имаа разбирање за политиката на владата на премиерот Камерон, ја менуваат својата позиција, па дури и медиумите блиски до конзервативците, сега бараат од него да не седи на страна.

Евроскептичниот „Сан„ му порача денеска на премиерот дека „летото заврши и сега треба да се вклучи во разрешувањето на бегалската криза„ која весникот ја смета за најголема по Втората светска војна.

Ваквата промена настана по несреќата со бродот со бегалци, покрај турскиот брег и вознемирувачките слики на малечкиот Ајлан Курди, како турски војник го извлекува неговото мртво тело од морето.

Еден од колумнистите на проториевскиот „Дејли Телеграф„ ги повикува луѓето во Даунинг стрит 10, добро да ја погледаат сликата што денеска ја објавуваат сите британски веснииц на насловните страници.

Авторот на колумната забележува дека Британија досега има примено сириски бегалци, доволно сите да се стават во една композиција на лондонската подземна железница, поради што го обвинува Камерон дека одбивајќи да се согласи со примањето повеќе бегалци, „самиот се ставил на погрешната страна од историјата“.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он