Тајланд станува предизвик за военото влијание на САД во југоисточна Азија

Од:

По одлуката на САД, објавена во вторникот, да ја суспендира воената соработка со Тајланд, аналитичарите на состојбите на истокот на Азија се јавија со ставови според кои американците не го пресметале ефектот од кинескиот интерес да почне да остварува поголемо влијание врз воено-стратешките случувања во регионот.

Пентагон објави дека Тајланд годинава нема да ги добие 4,7 милиони долари воена помош и дека , поради воениот пуч од 22 мај, армијата на САД го откажува учесѕвото на воените маневри „Златна кобра’’. Во овие маневри до сега, покрај САД и Тајланд со околу 10.000 војници учествуваат Австралија, Канада, Франција, Италија, Брунеи, Бангладеш, Индија, Непал, Монголија и Филипините.

Како што пренесуваат тајландските медиуми, истовремено со откажувањето на армијата на САД да учествува во мултинационалната воена вежба „Златна кобра’’ Пекинг е потврдено дека на воените маневри, планирани за почетокот на идната година, Кина ќе испрати поголем тим воени експерти, овој пат како набљудувачи. Кина и Тајланд лани потпишаа договор за воена соработка, но како што оценува експертот за безбедност Панитан Ватанајагорн од универзитетот во Бангкок, за сега оваа соработка е повеќе симболична.

Професорот Панитан укажува дека Кина сеуште многузаостанува во модернизацијата на сопствената армија и дека, ако се развива со досегашното темпо, на Кина ќе и требаат 20 години за да ја постигне воената подготовка на САД. Панитан ова го образложува со податоцте според кои Кина за модернизирање на војската и вооружувањето троши 100, а САД 700 милијарди долари годишно.

Суспендирањето на воената соработка од страна на САД, смета професорот Панитан, е и предизвик за Кина да го зголеми своето политичко и воено влијание во дел од Југоисточна Азија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија