Тајгер Вудс е свесен и добро реагира по операцијата откако се здоби со сериозни повреди на ногата во сообраќајната несреќа во Лос Анџелес. Шефот на локалната полиција по несреќата изјави дека 45-годишниот Вудс може да биде среќен што е жив, откако пожарникарите и лекарите морале да го извлекуваат од превртеното и тешко оштетено возило.
Се огласи и неговото најблиско семејство.
„Сакаме да се заблагодариме за цела поддршка и сите пораки кои пристигнуваат во овие тешки моменти. Како што беше претходно соопштено, Тајгер беше инволвиран во сообраќаен инцидент во кој учествуваше само едно возило. Беше подложен на долга операција на долниот дел од десната нога. Вудс има неколку тешки ортопедски повреди во долниот дел на десната нога и итно беше опериран од страна на специјалистите за трауматологија кој мораше да употреби плочка за врзување на коската.
– За останатите повреди околу зглобот беа употребни шрафови, а отсечен му беше и дел од мускулот за да се намали големиот хематом на меките ткива. Во овој момент тој е буден, контактибилен е и може да одговара од својата соба. Огромна благодарност до докторите и останатиот персонал во Харбор-Медикал центарот, – гласи објавата на семејството“ – се вели во соопштението од семејството на Вудс.
Од полицијата на Лос Анџелес изјавија дека теренецот на Вудс преминал преку две ленти и удрил во тротоар и дрво пред да се преврти и дека тој најверојатно возел побрзо од дозволеното на стрмниот пат, познат по чести несреќи.