Виетнамските власти евакуираа десетици илјади жители од централниот дел на земјата поради приближување на тајфунот Вутип.
Тајфунот, придружуван од ветрови кои се движат 150 километри на час се очекува денеска да го погоди централниот дел на Виетнам.
Повеќе од 8.000 жители од крајбрежните реони на провинцијата Кванг Три се евакуирани во текот на ноќта. А, евакуацијата продолжува и во региони каде се очекуваат поплави и лизгање на земјиштето.
Над 140.000 луѓе од другите четири централни провинции ќе бидат денеска евакуирани.