Силниот тајфун Нанмадол ја зафати Јапонија, предивикувајќи силни ветрови и обилни дождови во југозападниот дел од земјата, пренесува ДПА.
Стихијата навлезе во околината на градот Нагасаки. Засега нема податоци за жртви и материјални штети, но властите предупредуваат на опасност од поплави, излив на реките и свлечишта.
Има предупредувања и за цунами, бранови високи шест метри, во областа на островите Кјушу и Шикоку.