Тајфунот Канун ја погоди Окинава, еден загинат, 11 повредени

Од:

Моќниот, но бавен тајфун „Канун“, пропратен со силен ветер, оштети далноводи во јапонската префектура Окинава, популарна туристичка дестинација и остави околу 200.000 домаќинства без струја, а досега е забележан еден загинат и 11 повредени.

Еден човек кој бил заробен под урната гаража набргу потоа починал, се наведува во соопштението на Агенцијата за борба против пожари и природни катастрофи, пренесува Ројтерс.

Речиси 700.000 жители на оваа префектура, која се наоѓа на околу 1.600 километри југозападно од јапонскиот главен град Токио, добија совети да се евакуираат поради бурата која се движи кон северозапад со брзина од десет километри на час, се наведува во соопштението на Јапонската метеоролошка агенција.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Рапидно се зголемува бројот на жртвите на тајфунот „Јаги“

Горан Наумовски

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

Во Кина повеќе од 150.000 луѓе се евакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми