Тајфунот „Џелават“ се приближува кон Токио

Од:

Силниот тајфун „Џелават“ се приближува кон јапонскиот главен град Токио, откако претходно ја погоди јужна Јапонија каде зад себе остави 80-тина ранети и предизвика прекин во дистрибуцијата на електрична енергија и застои во сообраќајот.

Јапонската метеоролошка служба соопшти дека „Џелават“, кој е проследен со силен ветер и поројни дождови, ќе го погоди Токио вечерва по локално време и им препорача на жителите на јапонскиот главен град да не ги напуштаат своите домови.

Во моментов во жариштете на „Џелават“ дуваат ветришта со брзина од 144 километри на час.

„Џелават“ вчера го погоди јужниот јапонски остров Окинава, каде при налатот на тајфунот беа повредени околу 80 лица, а без струја останаа над 1.000 домаќаинства.

Во очекување на „Џелават“ денеска беа одложени најмалку 300 авионски летови и беше запрен сообраќајот на десетици брзи возови во источното крајбржеје на Јапонија и реоните околу Токио.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови