Тајани забрани пристап на сириски претставник до зградата на ЕП

Од:

Претседателот на Европски парламент Антонио Тајани забрани пристап до згрдата на сирискиот претставник поради хемискиот напад од страна на сирискиот режим во провинцијата Идлиб.

Забраната се однесува на сирискиот заменик-министер за надворешни работи Ајман Сусан.

Тајани покрај тоа ја откажа и конференцијата за Сирија, закажана на 10 април, на која требаше да учествува Сусан. Конференцијата е организирана од шпанскиот европратеник Хавиер Ковсо Пермуј од парламентарната група на Европската обединета левица.

– Бев информиран дека следниот понеделник на 10 април сте организирале конференција за ситуацијата во Сирија и сте го поканиле господинот Ајман Сусан. Поради неодамнешната употреба на хемиско оружје во Сирија одлучив да не се одржи конференцијата во зградата на ЕП. Од политичка гледна точка неумесно е да се организира таква конференција, се наведува во соопштението на Тајани до Пермуј.

Три дена по хемискиот напад на сирискиот режим, САД по наредба на претседателот Доналд Трамп нападнаа сириска воено воздухопловна база.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад