Таен дипломатски извештај содржи остри критики за новиот американски претседател Доналд Трамп

Од:

Доверливиот извештај на германскиот амбасадор во Вашингтон упатен до министерката Аналена Баербок може да ги поткопа и онака лошите односи меѓу официјален Берлин и администрацијата на Трамп.

Извештајот, напишан од Андрес Миаелис, беше наменет за Бербок, но неочекувано излезе во јавноста. Содржи остри критики за новиот американски претседател Доналд Трамп.

Во него се наведува дека Трамп спроведува „агенда за максимално нарушување“ на односите. Демократските основи и американскиот систем на поделба на власта, се додава, се значително ослабени со доаѓањето на Трамп во Белата куќа. Ова е став кој доаѓа од човек кој требаше да ја претставува германската влада на инаугурацијата на Трамп.

Фридрих Мерц, лидер на демохристијаните, го опиша извештајот како катастрофа за германско-американските односи.

„Тоа е голем удар за угледот на германската влада во Вашингтон. Таква влада нема брзо да најде соговорници во Вашингтон“, рече Мерц во интервју за јавниот сервис Deutschlandfunk.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп размислува за нови царини

Трамп: Ќе им дадеме пари на имигрантите за да ја напуштат Америка