„Челичната дама” како што ја нарекуваат, поранешната британска премиерка Маргарет Тачер иако важи за жена чиј приоритет беа работата и политиката пред приватниот живот, има и нежна страна, пишува “Телеграф”.
Поранешниот телохранител на премиерката, кој ја чувал 20-тина години открива дека имал можност да ја види и мајчинската страна на Тачер, која на британската и светската јавност не и беше позната.
Телохранителот Бери Стревенс вели дека му се слошило кога дознал кого треба да чува, но дека целосно го сменил своето мислење откако видел како Тачер се однесува кон него по малата несреќата што ја имал со моторциклот.
-Бев изненаден од нејзината мајчинска грижа, бидејќи бараше да не работам и таа да се грижи за мене – изјави Стревенс.
Тој опишува и како неговиот колега додека биле во дворот згазил на измет, па не забележувајќи влегол во станот на бившата премиерка и поминал преку белиот тепих.
-Се уплашивме дека ќе настане проблем, но таа љубезно рече дека тоа не е важно, бидејќи сме на село и потоа се наведна и ги исчисти чевлите и тепихот со сапун и вода-рече бившиот телохранител.
Стревенс во интервјуто наведува и дека Тачер целосно го освоила со својата мајчинска љубов кога за Божиќ ја декорилала целата куќа во која живеел тој.
-Од тој момент знаев дека би примил куршум за Маргарет Тачер без размислување, изјави телохранителот.