СЗО: Во Јемен од колера досега починаа 681 лице

Од:

Од епидемија на колера во Јемен починаа најмалку 681 лице, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека епидемијата се уште не го достигнала максимумот.

Според СЗО, во периодот од 27 април до 4 јуни зголемен е бројот на смртни случаи за дури 50 отсто од последните податоци на 27 мај.

Најновите податоци на СЗО покажуваат дека 86.422 можни случаи на заболени од колера се регистрирани во 19 од 20 покраини во Јемен.

Епидемијата започна во октомври минатата година, се прошири до декември, потоа се намали, но никогаш не е целосно ставена под контрола.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен