СЗО: Трансродноста отстранета од листата на ментални болести

Од:

На заседанието на Светското здравствено собрание, што се одржува во Женева, донесена е одлука за отстранување на трансродноста од листата на ментални заболувања.

Како што соопшти Светската здравствена организација (СЗО), со ова во Меѓународната класификација на болести, трансродноста наместо како заболување, ќе се третира како состојба.

– На овој начин на меѓународно ниво се врши првиот чекор кон депатологизација на трансродноста, а сите земји членки (на СЗО) од 2022 година треба да почнат со примена на новата Класификација, со што се остава доволно време за национална имплементација на документот, како и спроведување на сите неопходни промени на национално ниво, се наведува во соопштението на СЗО.

Светското здравствено собрание е повеќедневна конференција на Светската здравствена организација, во чија работа учествуваат претставници на министерствата за здравство на земјите членки на СЗО. Собранието заседава еднаш годишно и тоа по правило во текот на мај. Овогодишното Светското здравствено собрание започна вчера.

Би можело да ве интересира

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена