СЗО: Тешка хуманитарна ситуација во бегалскиот камп Ал-Хол во Сирија

Од:

Во текот на изминатите три месеци повеќе од 37.000 луѓе, претежно жени и деца, кои бегаат од судирите во соседниот регион Деир-ез-Зор, пристигнале во бегалскиот камп Ал-Хол во сириската пoкраина Ал-Хасак, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според податоците на СЗО, заклучно со 23 февруари, во кампот се регистрирани 73 смртни случаи, од кои речиси две третини се деца.

– Две третини од смртните случаи се случиле во различни делови на кампот, а преостанатата третина во болниците. Многу деца починале од хипотермија при пристигнувањето или по краток престој во кампот, се наведува во соопштението на СЗО.

Организацијата посочува дека кампот е сериозно преоптоварен и има бројни „тесни грла“ во неговата приемна единица.

– Кога новодојдените раселени лица ги минуваат административните и безбедносните процедури, тие остануваат во приемната единица се додека не се утврди местото за нивно сместување во кампот. Оние кои не ги завршуваат тие процедури дента кога пристигале, се принудени да спијат на отворено, посочува СЗО.

Дури и по завршените процедури многу луѓе спијат на отворено, бидејќи во приемната единица нема доволно капацитет за сместување. Прифатниот центар е преполн со луѓе кои чекаат да бидат префрлени во други делови од кампот.

Меѓу оние кои спијат на отворено, повеќето се жени и деца со чувствително здравје, кои се изложени на студ, ветер и дожд. Ситуацијата веројатно ќе се влоши, бидејќи илјадници нови раселени лица продолжуваат да пристигнуваат во кампот, предупредува СЗО.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија