СЗО: Се полоша е ситуацијата во сириската област Гута

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека се влошува ситуацијата во источната област Гута, во близина на Дамаск, каде 300.000 луѓе се под опсада, а ниту една од трите болници не функционира.

СЗО апелира да се овозможи достава на помош до областа Гута.

– Времето на луѓето во источна Гута истекува. Додека се зголемуваат здравствените потреби, достапните ресурси се трошат од ден во ден. Наша главна цел сега е да обезбедиме пристап за помошта за илјадници загрозени мажи, жени и деца веднаш, изјави претставничката на СЗО во Сирија, Елизабет Хоф.

Според СЗО, во источна Гута, која е упориште на опозицијата, „алармантно е висок“ бројот на деца кои имаат тешки повреди.

– Од сите пациенти кои страдаат од тешки повреди здобиени во војната, 30 проценти се деца под 15 години, се наведува во соопштението на СЗО.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија