СЗО: Од почетокот на воздушните напади во Јемен загинале 643 лица

Од:

Од почетокот на меѓународната воена операција против шиитски бунтовници во Јемен, на 26. март, до 6. април во земјата загинале 643 лица, а 2.223 се повредени, соопшти денеска во Женева Светската здравствена организација, јави ТАСС.

Бројот на загинати е определен спорад податоци, пристигнати од јеменски болници, но тој може да се зголеми, бидејќи продолжуваат да пристигнуваат нови информации, се навдува во соопштението.

Портпаролот на УНИЦЕФ Кристоф Булиерак соопшти дека од 26. март во Јемен се убиени најмалку 74 деца, а 44 се повредени.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна на 26. март воздушни напади врз шиитски бунтовнци хуси, кои контролираат голем дел од територијата на Јемен. Во коалицијата учествуваат Бахреин, Јордан, Катар, Кувајт, Мароко, ОАЕ, Пакистан и Судан.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида