СЗО: Од хуманитарните организации е побарано да го напуштат Алепо

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека без никакво објаснување  од хуманитарните организации било побарано да го напуштат источниот дел на Алепо, откако е суспендирана евакуацијата на цивили и бунтовнички борци од тие делови на сирискиот град.

Претставничката на СЗО во Сирија, Елизабет Хоф на прес-конференција истакна дека претпоставува оти оваа порака „пристигнала од Русите, кои ја надгледуваат таа област“.

Таа изјави дека нејзиниот тим од источниот дел на Алепо немал никаков контакт со сириските власти.

Хоф нагласи и дека според податоците на СЗО, до седум часот утрово 194 евакуирани лица пристигнале во осум преполни болници.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија