СЗО бара итен пристап до Дума за да им помогне на жртвите од хемискиот напад

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) побара пристап до градот Дума во Сирија за да ги провери извештаите дека повеќе од 500 лица се повредени како последица од хемиски напад.

Сириската Влада негира одговорност и употреба на боеви отрови. САД се заканија со моќен одговор на нападот, но Русија соопшти дека тоа е само изговор за напад на нивните сојузници.

СЗО пренесе информација дека 70 лица се убиени. Оттаму наведуваат дека нивните партнерски организации известуваат за 500 случаи со симптоми на труење со хемиско оружје.

– Две здравствени установи, исто така, информираат дека биле погодени во нападот, наведува СЗО.

Д-р Петер Салама од СЗО истакна дека „сите треба да бидат огорчени поради ужасните информации и фотографии од Дума“.

– СЗО бара итен и неограничен пристап во подрачјето за да може да им помогне на оние кои се погодени, да ги процени последиците и воспостави систематски одговор на овој здравствен предизвик, вели тој.

Францускиот претставник во Советот за безбедност изјави дека отровот бил употребен наменски за да може да продре во подрумите и засолништата каде што се наоѓаат цивили.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија